Утре без вода корисниците од „Мирче Оровчанец“ во Центар

Поради изведување на водоводен приклучок Ф-80 мм на улицата „Мирче Оровчанец“ бр.13, Центар, утре ќе биде прекинато водоснабдувањето за корисниците од таа улица.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи- Скопје, по известување добиено од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот ќе трае од 09:00 часот до санирање на дефектот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.