Утре целодневна манифестација „Априлијада 2015“ пред Порта Македонија

Град Скопје и Детскиот културен центар – „Карпош”, утре на просторот пред Порта Македонија ќе ја организираат целодневната манифестација  „Априлијада  2015“.

Дневниот дел од традиционалната Манифестација по повод 1 април- Светскиот ден на шегата, се организира под мотото мотото „Скопје се смее” и е наменета за децата од сите училишта, градинки и воопшто за децата на градот Скопје. Придружен дел на маските, како и изминатите години, ќе бидат игрите и песничките со фолклорната секција на ДКЦ „Карпош“ и хитовите од Златно славејче.

Манифестацијата „Априлијада  2015“  ќе започне во 11 часот, а градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на учесниците на манифестацијата ќе им се обрати  во 11:30 часот.

Ноќната забава ќе почне во 21 часот кај Порта Македонија, а ќе учествуваат Коста Костовски, Кристина Арнаудова, Јоце Панов, Александар Тарабунов, Бетиме Зејали, Биљана Дабеска, ДЏ Бабура и групата „The Noise makers”.