Утре четири часа прекин на сообраќајот на патот Бошков мост-Косоврасти

Сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар, на потегот  Бошков мост – Косоврасти утре од 12:30 до 16:30 часот  ќе биде во прекин поради асфалтирање на патот.

Како што соопшти Диспечерскиот информативен центар на ЈП „Македонија пат“, во зависност од потребите ќе бидат пропуштани само приоритетните возила (брза помош, противпожарна и полиција).