Утре црвена лента за булеварот Трета македонска бригада

Првата делница од проширениот и реконструиран булевар Трета македонска бригада утре официјално ќе биде отворена за сообраќај.

На официјалното отворање кое е закажано за во 14 часот на паркингот кај СУГС „Марија Кири Склодовска“ на булеварот Трета македонска бригада, ќе присуствува градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.