Утре дожд, надлежните ја следат сосотојбата

Според прогнозатаод Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија, во недела во попладневните часови се очекуваат врнежи од дожд од 20л/м2 до 40л/м2. Исто така, согласно прогнозата во среда се очекуваат нови врнежи од дожд со интензитет од над 30л/м2. Дождовите ќе бидат во западните и јужните делови на Република Македонија.

Состојбата се следи од сите надлежни институции и за ваквата прогноза се известени сите ЕЛС со цел навремено преземање на соодвени превентивни мерки, информираа од Министерството за транспорт и врски.