Утре двочасовен прекин на делницата Кичево–Охрид

Поради изведување работи на пат, минирање, делницата Кичево–Охрид помеѓу планинскиот превој Пресека и село Врбјани на 22 јуни, утре во одредени периоди од денот ќе биде во прекин.

Како што соопшти АМСМ, прекинот во сообраќајот на патот ќе биде во периодот меѓу 12.00 и 14.00 часот и меѓу 15.00 и 17.00 часот во траење од 15 до 20 минути.