Утре двочасовен прекин на сообраќајот на патот Охрид-Кичево

Утре двочасовен прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид
Утре двочасовен прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Авто мото сојузот соопшти дека утре ќе има прекин на патниот правец А2 Охрид – Кичево (планински премин Пресека – село Врбјани) поради изведување градежни работи. Сообраќајот ќе биде во прекин од 14 часот до 16 часот.

АМСМ информира дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.

Истовремено, коловозот е исчистен и нормализиран е сообраќајот за сите видови возила на регионалниот патен правец Тетово – Јажинце кај селото Порој. Градежните работи на овој патен правец продолжуваат и се препорачува внимателно возење, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

 Од АМСМ потсетуваат дека до 31 август на државните патишта во Македонија има времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса надминува 15 тони. Забраната важи за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Временските интервали за ваквите забрани се петок од 17 до 22 часот, сабота од 09 до 18 часот и недела од 09 до 22 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.