Утре е ден на жалост во Македонија

Во врска со трагичната хеликоптерска несреќа во која животот го загубија четворица припадници на МВР, Драги Мицев, Маријан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички, Владата на Република Македонија одлучи понеделник, 14.07.2014 година, да биде прогласен за ден на жалост на целата територија на Република Македонија, соопштија од Владата на Република Македонија.