Магазин

Утре е сензационалниот концерт на финалистите од „X Фактор“

Утре е сензационалниот концерт на финалистите од „X Фактор“

Македонската публика утре ќе има можност да биде дел од големиот концерт на финалистите на регионалното музичко шоу „X Фактор“, кој ќе се одржи во арена „Борис Трајковски“ во Скопје.

Ова е првиот заеднички настап на финалистите во регионот. Младите и талентирани финалисти на ова шоу доаѓаат подготвени за првата средба со своите бројни македонски фанови и најавуваат сензационален концерт чиј почеток е закажан во 21:00 часот, додека пак влезот за посетителите ќе биде отворен во 20:00 часот.

Честа да го отвори големиот концерт во сабота ќе ја има токму победникот на „Х Фактор“, Даниел Кајмакоски, а овој концерт ќе биде одлична прилика заедно да покажеме дека успешната кариера на нашиот победник ќе започне токму од Скопје и со безрезервната поддршка од македонската публика.

Покрај Даниел Кајмакоски, изведувачите кои ќе ги видиме на големиот концерт во Скопје се артистите кои се пласираа меѓу 12те финалисти на „Х Фактор Адриа“ како Младен Лукиќ, Маид Хеќимовиќ, Илма Карахмет, Тамара Милановиќ, Алекса Перовиќ, Харис Ќато, Лукијан Ивановиќ, дуото „H2O“ сочинето од Фифи и Маринела, како и бендовите „Доктори“ и „4U“.

 Поголемиот дел од влезниците се веќе распродадени

Сите кои сè уште не ги набавиле своите влезници ги известуваме дека имаат уште малку време за да го осигураат своето присуство на овој концерт. ВИП билетите за концертот се целосно распродадени, а речиси се распродадени и билетите за најпопуларниот фан-пит. Останати се уште помалку од 200 билети за трибините, како и мал број влезници за партерот.

Влезниците можат да се купат само во продажните салони на ONE во „Рамстор“, „ВЕРО Центар“, „Скопје Сити Мол“, како и во „Камарад“ (Рамстор) и „Розе“ (Веро 2).
Влезниците се достапни преку продажната мрежа на МКтикетс:

Продажните салони на ONE во: Скопје (Рамстор, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Скопје Сити Мол) Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.

Југотон ГТЦ 1 кат, МПМ ПРЕСС, Гоги Драчево, Универзална Сала – Скопје, Билетара на „Борис Трајковски“, „Камарад“, „Розе – Веро 2“.

Низ Македонија: Агора – Куманово, Зизи Топ – Охрид, Шишко – Кочани.

Фан-пит – 700 денари,
Партер – 350 денари,
Трибини – 400 денари.