Утре едночасовен прекин на патот Охрид – Кичево

Утре од 13 до 14 часот ќе биде во прекин сообраќајот на патот Охрид – Кичево, поради минирање кое ќе се врши кај Врбјани – Пресека, известува АМСМ.

Претпладнево сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат на планинските превои Буково, Маврово, Стража и Крушево но снегот не се задржува на коловозот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.