Македонија

Утре едночасовен прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Утре едночасовен прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид
Во понеделник прекини во сообраќајот на патот Кичево - Охрид

На патниот правец А2 Кичево – Охрид, кај месноста Пресека – Врбјане, сообраќајот ќе биде во прекин утре од 15.00 до 16.00 часот, поради изведување градежни работи (минирање).

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Градежното Друштво “Гранит” АД Скопје (Р.Е. Свети Николе – Штип)  известува дека ќе изведува градежни работи на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км.

Градежните активности започнаа на 21.05.2015. Се планира целосното затворање до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.

Сите активности се во согласност со одобрението за времен режим на собраќај бр.1005 од 28.мај.2014 година, издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија.

– АД Бетон на 16.04.2015 започна со изведување на градежни работи за санација на свлечиште Маврово, кај делницата од брана Маврово до с.Маврово. Патниот правец ќе биде затворен за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси во период од два месеца.

Сообраќајот за патничките возила се одвива според времен режим, а за тешките товарни возила и автобуси може да се одвива преку с.Леуново.

– Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

– Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа: од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово и од с.Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

– Од 12.01.2015 се изведуваат работи на државниот пат А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево. Работите се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот и се очекува да траат до 12.06.2015 год.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.