Утре едночасовен прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Поради изведување на градежни работи, минирање на патниот правец А2 Кичево – Охрид, кај месноста Лавчанско речиште утре од 16 до 17 часот сообраќајот ќе биде во прекин, соопштија од АМСМ.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците.