Македонија

Утре голем народен собир на ВМРО – ДПМНЕ во Охрид

Утре голем народен собир на ВМРО – ДПМНЕ во Охрид

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе го одржи шестиот по ред голем народен собир. Според најавите истиот ќе се одржи во Охрид.

Утрешниот собир, кој е дел од караванот на големи народни собири, според најавите ќе се одржи во спортскиот центар „Билјанини извори“ со почеток во 13 часот.

На собирот свое обраќање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а ќе бидат изнесени позициите на партијата за повеќе актуелни теми и предизвици.