Утре хуманитарен концерт во „ Домот на млади“ – Штип за помош на двајца млади штипјани, Олгица и Иван

Утре во Штип ќе се оддржи хуманитарен концерт на поп и фолк изведувачи. Концертот ќе се одржи со почетоко во 18:00 часот во „Дом на млади“-Штип. Настанот ќе започне со настап на децата од балетското студио Break the floor. На рок сцената ќе настапат Хот Лајн, Валкан Експрес, Out of Range, Роберто Поп Димитров, Дејан Тасев, Ѓорги Димитров, Томас, Ивица Јорданов, Јасмин бенд и голем број други музичари. Во музичката програма е предвидена програма со изведувачи на народна музика меѓу кои и Васил Чамов и Јулија, група Соната од Велес, Зоран Настов, група Бистри Извори и други. Влезниците ќе се продаваат по симболична цена од 50 денари, а можат да се купат на влезот, пред самиот настан, пренесува „1.мк“.

Секако, отворени се и донации преку телефонски линии. Настанот е во организација на „Дом на млади“ и Општина Штип, кои се надеваат дека штипјани ќе ја покажат својата хуманост и дека несебично ќе помогнат во поддршката на овие двајца млади штипјани.

Иван.С (24) од Штип има циста на вратот поради што има комплетен прекин на нервните патишта. Нему му се потребни 26.000 евра за операција во Кина. Таму треба да му се изврши трансплатација на матични клетки, по што младото момче пак ќе може самостојно да се движи.

Олгица.Т (21) од Штип има малиген тумор и потребни се средства за негово целосно одстранување, како и посебна биолошка терапија за која треба да се соберат 5.000 евра.