Македонија

Утре истекува рокот за аплицирање на бања и туристички викенд

Утре истекува рокот за аплицирање на бања и туристички викенд

Утре истекува рокот за аплицирање за користење на услугите за бесплатен туристички викенд и бањско-климатска рекреација за пензионери, пренесуава МИА.

Услугите „Бањско климатска рекреација на корисници на пензија за 2015 година” и „Бесплатен туристички викенд за корисници на пензија за 2015 година” може да ја користат лица корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија остварена според прописите на Република Македонија и прописите на други држави со коишто се склучени договори за социјално осигурување.

Лицата корисници на пензија кои користат и паричен надомест за помош и нега од друго лице, додаток за мобилност или слепило имаат право на придружник за време на бањско климатската рекреација и бесплатниот туристички викенд, појаснуваат од МТСП.

При рангирање на поднесените барања, приоритет ќе биде даден на пензионерите кои пред пензионирањето работеле во рудници со подземен ископ, и на корисници на инвалидска пензија со утврден повисок процент на инвалидност.