Утре Иванов ќе го додели признанието „Најдобар млад научник“

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, утре ќе го додели признанието „Најдобар млад научник“.

Манифестацијата која се одржува петта година по ред и има тенденција да прерасне во манифестација со традиционален карактер, има за цел да го поттикне развојот на научната и истражувачката мисла, со особен акцент на младите македонски научници до 30-годишна возраст.

За носител на признанието „Најдобар млад научник” за 2013 година беше избран Петар Стојанов за истражувачка работа во областа на биоинформатиката.
Во 2012 година за носител на признанието „Најдобар млад научник” беше избрана Катерина Бачева за истражувачка работа во областа на аналитичката хемија и хемија на животната средина.
За најдобар млад научник за 2011 година беше избран Трифче Сандев за истражувачка работа во полето на физиката и математичката физика, додека носител на признанието за 2010 година беше Никола Златанов за истражувачка работа во полето на безжичните телекомуникации“ соопштија од кабинетот на претседателот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.