Утре извлекување за наградната игра ФИСКАЛНА ВО РАКА, НАГРАДА БЕЗ МАКА

Четвртото извлекување за наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“ ќе се реализира во живо, утре од 20 часот на МРТ1.

Во ова 4то коло на наградната игра ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА се извлекува за еден автомобил Пежо 208, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1000 денари.

Во извлекувањето ќе учествуваат сите коверти испратени за 4то коло со сметки кои се валидни од најран датум 15.11. 2013та година. Неизвлечените коверти од ова коло како и од второто, третото, а понатаму и од петтото и шестото, се чуваат од страна на Државна лотарија на Македонија како организатор на наградната игра и ќе учествуваат во 7мото коло за извлекување на стан и деловен простор.

Државна лотарија на Македонија како организатор на Наградната игра Фискална во рака – награда без мака, ги известува заинтересираните учесници дека во пресрет на утрешното, 4тото извлекување, покрај испраќањето по Пошта со наменската поштенска марка по цена од 8 денари која може да ја добијат во сите експозитури низ РМ, учесниците во наградната игра може да ги оставаат своите адресирани коверти со фискални сметки и лични податоци на специјално одредените пунктови од кои еден е во зградата на МРТ, при седиштето на Државна лотарија на Македонија, а другите се на различни локации пред уплатно- исплатни места за игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, обележани со знакот – СРЕЌНО МЕСТО. Ковертите за ова 4то извлекување може да ги испратат најдоцна до полноќ на 30 март 2014.

Резултатите од ова 4то извлекување на Наградната игра, ќе бидат објавени во четврток  03.04.14  во дневниот весник Вечер и на веб страната www.tvkoha.tv.