Утре Караванот Купи куќа за млади во Дебар и Берово

 

Утре во рамки на Караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ ќе се одржи презентација во 17 часот во: Дебар, во Општината и во Берово, во Бизнис инкубаторот.

Сите заинтересирани граѓани на презентациите ќе можат да се информираат за проектите од претставниците на Министерството за финансии, банките и Катастар. Во двете општини од страна на општинските власти ќе биде презентирана и локалната понуда на државни плацеви.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.