Утре караванот „Купи куќа за млади“ во Кавадарци, Неготино и Демир Капија

Утре во рамки на караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ ќе се одржат презентации во Кавадарци, во Општината во 16 часот, во Неготино, во Општината во 17 часот и во Демир Капија, во ЦЕНЕТ во 17 часот.

Караванот е планирано да одржи презентации во вкупно 30 општини. Следните презентации се во Струмица, Радовиш, Тетово, Гостивар, Кичево,  Берово и Дебар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.