Утре Караванот Купи куќа за млади во Велес, Св.Николе и Пробиштип

Утре во рамки на Караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ ќе се одржат презентации во три градови.

Презентациите се со почеток од 17 часот, а ќе се одржат во општинските згради во Велес, Свети Николе и во Пробиштип.

На Караванот граѓаните ќе можат да добнијат целосна информација за проектите од претставниците на Министерството за финансии, банкарите, претставниците од Катастар, како и претставниците од општината кои ќе ја презентираат понудата на државни плацеви.

Караванот е планирано да одржи презентации во вкупно 30 општини, меѓу кои и Охрид, Струга, Ресен, Битола, Демир Хисар, Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Штип, Кочани, Делчево, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Радовиш Прилеп, Крушево, Македонски брод, Берово и Дебар.