Утре Карпош без струја, Центар без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека утре без струја ќе останат корисниците од Карпош и Кучевиште, а додека пак без вода жителите на Центар и Чаир.

Заради технички зафати во електро-системот, утре,24.06.2014, без електрична енергија ќе останат жителите на улицата Прашка во општина Карпош во периодот од 8:30 до 15 часот, како и жителите од Кучевиште, улица 1 и околу црквата од 9 до 15 часот.

Без вода поради изведување на водоводен приклучок ф- 2 ќе бидат корисниците од Булеварот Мито Хаџивасилев Јасмин број 12. Прекинатото водоснабдување ќе биде од 9 часот и ќе се однесува на корисниците на дел од Булеварот кои живеат и работат на протегот од Стара Железничка до Дирекцијата на Макпетрол, до изведувањето на приклучокот.

Исто така, поради изведување на водоводен приклучок ф-80мм на улицата Серава раскрсница со Коста Абрашевиќ, прекинато водоснабдување од 9 часот ќе имаат корисниците од ул.Серава,Коста Абрашевиќ и Гинекологија Чаир, до изведувањето на приклучокот.