Македонија

Утре ќе бидат објавени рeзултатите за полуматурантите од екстерното

Резултатите за полуматурантите од екстерното тестирање ќе бидат објавени утре, порано оти за нив ќе следат уште обврски, уписи за во средно училиште кои се закажани за 28 и 29 јуни. Останатите резултатите од екстерното ќе ги знаат на 17-ти јуни.

Тестирањето заврши вчера, заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски за Алфа истакна дека е задоволен од тоа како се реализираше, пред се дека минало  без технички проблеми.

-Заврши процесот на екстерното тестирање, јас сум многу задоволен оваа година немаше никакви проблеми ни од технички карактер ни други проблеми кои претходно беа поврзани со паѓање на системот, интернет и слично. Сега, оваа година помина се во најдобар ред. Сметам дека се ќе заврши најдобро и со државната матура…Моја оценка е дека беше успешна оваа учебна година изјави меѓу другото заменик министер за образование и наука Спиро Ристовски.

Ристовски  истакна, учениците да размислуваат едукацијата да ја продолжат во училиштата кои нудат стручно образование, во насоките да влијаат и родителите бидејќи тоа ќе им помогне полесно на младите да ја совладаат материјата, посебно  на оние кои ќе одлучат понатаму да се запишат на технички факултет, но пред се да станат конкурентни на пазарот. Полесно да се вработат, зашто потребата од техники кадар  кај домашните и странските  компаниите е во пораст.

-Апелирам да се размислува на стручно образование  не само на општо гимназиско образование иако се уште за таму има најголем интерес. Од причини што потоа е значајно што поголем дел од потенцијалните студенти ќе треба да се запишат на техничките факултети, од аспект на тоа дека на тој начин многу полесно можат да дојдат до работни места, објасни заменик министерот за образование и наука.

Наскоро ќе биде објавен и конкурсот за упис на високо образовните установи  на државните универзитети. Ристовски  вели дека веќе Владата ги  утврдила предлог квотите за упис за академската  2016/2017 година.

Инаку во последните 5 години бројот на студенти кои се запишеле на технички факултети е зголемен за 11 проценти. Ако пред 6 години, 20 проценти од младите се определуваа да се запишат на техничките факултети, последните податоци од министерството говорот дека лани се запишале над 30 проценти. Освен квалитетно обучени кадри тоа според надлежните ќе придонесе и за економски раст на државата.