Утре ќе биде соопштена оценката на ЕУ и САД за изборите

Оценката на ЕУ и САД за тоа дали има услови за одржување кредибилни избори на 24-ти април ќе биде објавена утре, попладне, потврдија за МИА од Амбасадата на САД во Скопје.

ЕУ и САД денеска, а најдоцна утре требаше да ја објават проценката на меѓународната заедница дали се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори на 24. април, согласно договорот од Пржино.

Евроамбасадорот Аиво Орав, завчера одговарајќи на новинарско прашање изјави дека проценката се уште е во подготовка.

Од една страна 24 април е дел од договорот како ден за предвремени избори, но од друга страна има многу задоцнувања во имплементацијата на договорот од Пржино, рече евроамбасадорот Орав.

Тој потсети дека ја оценуваат ситуацијата во три области за подготовката за изборите и тоа ДИК и Избирачкиот список, во однос на персоналот на ДИК и ревизијата на Избирачкиот список, второ медиумите-балансирано известување и договорот на четирите партии за медиумите, одвојувањето помеѓу државата и партиите, како и притисоци и закани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.