Утре ќе се знае колку пари ќе се потрошат за референдумската кампања

Според најавите, утре ќе биде јавно објавено колку пари државните институции ќе потрошат за референдумската кампања.

Најавена е и владина седница на која ќе се констатираат сумите. Некои министерства веќе и јавно кажаа колку пари од своите буџети ќе одвојат во убедувањето на граѓаните зошто е важно активно да учествуваат на ова граѓанско изјаснување.