Утре ќе се одбележи Меѓународниот ден на спортот

По повод Меѓународниот ден на спортот за развој и мир 2015, а под покровителство на Македонскиот олимписки комитет, градот Скопје и С.Г.Г.У. “Здравко Цветковски“, утре со почеток во 12.00 часот, свечено ќе биде одбележан овој значаен ден со пригодна програма која ќе се одржи во фискултурната сала на училиштето.

Одбележувањето на овој ден ќе продолжи и следната недела кога во соработка со детските градинки, основните и средните училишта како и некои општини од Република Македонија ќе бидат одржани Малите олимписки игри на Македонскиот олимписки комитет.