Утре ќе се потпише спогодбата за поевтин роаминг

Министерството за информатичко општество информира дека утре, 29 септември, заменик министерот Марта Арсовска Томовска во Будва ќе ја потпише Спогодбата за за намалување на цените на услугите во роамингот во јавните мобилни комуникациски мрежи, која се склучува помеѓу Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.