Македонија

Утре ќе се прска против комарци

Утре ќе се прска против комарци

Утре во периодот од 07.00 до 11.00 часот ќе се прска против комарци.Ова е првиот наврат на авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Град Скопје.

Притоа ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и стоечки водени површини во градот Скопје и неговата околина како и течението на реката Вардар.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.