Утре ќе се сретнат Бесими и Ховит

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими утре ќе оствари средба со европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент, г-дин Ричард Ховит.

За време на посетата во Секретаријатот за европски прашања, Ховит ќе има и неформална средба со вработените на Секретаријатот, после која ќе следи заедничка средба и дискусија на вицепремиерот Бесими и европратеникот Ховит со студентите од универзитетите во Република Македонија.

Средбите ќе се остварат во просториите на Секретаријатот за европски прашања.