Утре можна оставка на бугарската Влада

Утре можна оставк на бугарската Влада на премиерот Пламен Орешарски.

Потпретседателот на нардоното собрание на Бугарија, Маја Манолова соопштила дека ова би можело да се случи по утрешната седница.

Петходно извори во двете владејачки партии – Бугарската социјалистичка партија (БСП) и Движењето за права и слободи (ДПС) потврдиле дека Владата ќе поднесе оставака до крајот на оваа недела.

Најавата за оставка на Владата уследи откако денеска не се одржаа најавените политички консултации во бугарскиот Парламент, затоа што на нив не се појавија пратениците на опозициската партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ).

Манолова најави дека и покрај денешните неуспешни консулатации, најдоцна до 5 август ќе се одржи седница на Собранието на кое ќе биде донесена одлука за негово распуштање, со цел, согласно претходно постигнатиот договор, предвремените парламентарни избори да се одржат на 5 октомври.

Последните парламентарни избори во Бугарија се одржаа лани во мај.