Утре на полноќ истекува рокот за нови предлози од Грција

Утре на полноќ истекува рокот за нови предлози од Грција
Утре на полноќ истекува рокот за нови предлози од Грција

Утре на полноќ истекува крајниот рок за добивање предлози од Грција за нова економска програма, изјави на прес конференција Мина Андреева, портпарол на ЕК.

– Се надеваме на најдоброто, но сме подготвени и за најлошото, додаде таа. Андреева вели дека в четврток на полноќ изминува рокот за поднесување грчки предлози.

В петок тоа ќе биде оценето од ЕК, ЕЦБ, ММФ и од еврогрупата.

В недела на вонредна средба на ЕУ ќе биде анализирано што да се преземе следната недела.