Утре нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Променливо и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер не очекува утре, најавува УХМР.

Локално, невремето ќе биде поинтензивно со појава на град, особено во јужните и источните делови на Македонија.

– Во среда ќе има локални слаби врнежи од дожд, особено претпладне. Ветерот ќе го промени правецот во северен, што ќе предизвика пад на дневната температура за неколку степени, информира УХМР.