недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 8

Утре никаде без чадор – попладне пороен дожд, грмежи и град

Под влијание на влажна, нестабилна воздушна маса, утре попладне нè очекува силно невреме. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, на повеќе места ќе има нестабилна облачност, пороен дожд и грмежи.

dozd-cador-2

Поврзани вести

Под влијание на влажна, нестабилна воздушна маса, утре попладне нè очекува силно невреме. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, на повеќе места ќе има нестабилна облачност, пороен дожд и грмежи.

Ќе има силно невреме проследено со силен ветер, а ќе има услови и за појава на град.

Во северните делови од земјата се очекува да наврнат 25 литри на квадратен метар.

Со оглед на влажната маса, ќе има и пад на температурите, со што ни следи уште еден температурен шок со оглед на тоа дека Македонија денеска беше во жолта алертна фаза. Дневната температура ќе опадне за повеќе од 10 степени. Ќе се движи од 20 до 29 Целзиусови степени.

По викендот, од понеделник не очекува стабилизација на времето.

Најчитани вести