Утре нова лидерска средба

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА утре во Скопје ќе одржат нова средба за надминување на политичката криза во земјава.

На утрешната средба која се очекува да почне  во 13.30 часот, покрај Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, ќе присуствуваат и амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав, и амбасадорот на САД, Џес Бејли.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за ТВ „24 вести“ изјави дека на утрешната средба ќе се договори конечниот датум за да се постигне договор, пред јули, кога треба да се поднесе извештајот за Македонија, од кој ќе зависи препораката за отворање на прегооврите за членството во ЕУ.

 

Фото: Капитал