Утре очекувајте дожд

Утре под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од УХМР.

Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Локално се очекува да наврнат околу 30 л/м2 воден талог, а ветерот да достигнува брзина над 80 км/час. Ќе има и услови за изолирана појава на град. Врнежи од дожд ќе има и во четврток, особено во западните делови. Ќе дува умерен северен ветер кој ќе услови позначително опаѓање на дневната температура, па на планините врнежите ќе поминуваат во снег.

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста и во вечерните часови во западните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој на места повремено ќе се засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.