Утре параден концерт на Градскиот дувачки оркестар

Градскиот дувачки оркестар утре до 11 часот ќе одржи параден концерт во централното градско подрачје, односно од Музеј на Град Скопје до паркот Жена борец. Концертот ќе трае околу еден час, a ќе биде изведена следната програма: Младинска чекорница; Вардаре македонски; Патриотска чекорница; Дикси парада; Вашингтон пост марш; 3.Македонска бригада; Огномет на слободата; Во спомен на Ваташа; Работнички и За сите деца, соопшти службата за информирање на Град Скопје.

Градскиот дувачки оркестар е составен од членови, главно професионални музичари, како и од студенти на Факултетот за Музичка уметност во Скопје.