Утре парламентот ќе го ратификува договорот со Бугарија

Пратениците утре треба да го ратификуваат Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија, кој е дел о дневниот ред на 30-тата седница.

Истовремено, за утре е закажана и седница на парламентарната Комисија за европски прашања, на која бугарсскиот амбсадор во земјава, Иван Петков, ќе ги претстави програмата и приоритетите за работа на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ за периодот јануари – јуни 2018 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.