Утре почнува летното сметање на времето

Летното сметање на времето во 2014 година, почнува утре кога часовниците треба да се поместат еден час нанапред односно времето во два часот ќе се смета како 3 часот, соопшти Бирото за метрологија.

Преминувањето на летното во зимско сметање првпат е забележано во 1916 година во државите на северот на Европа и сега се практикува во 70 земји за да се заштеди енергија бидејќи периодот на дневно светло од раните утрински часови се преместува на вечерните.

Летното сметање на времето ќе заврши во последната недела на октомври во три часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 03 часот се смета како 02 часот.