Утре почнува „Пиволенд 2014“

Утре со почеток во 18 часот започнува седмото издание на традициналниот фестивал на пивото „Гурмански викенд со пиво – Пиволенд 2014“.

Пет фестивалски денови, големи имиња од македонската музичка сцена кои одамна не сме ги гледале на фестивалите, како и гости од странство, многу пиво, гурманска храна и катчиња за забава, се само дел од она што не очекува на годинешниов „Пиволенд“. Фестивалот традиционално е во организација на Град Скопје и „Темов“. Овој фестивал традиционално за градот Скопје, значи зголемување на културно-туристичката понуда, зашто нуди музичка и гурманска разновидност за сечиј вкус.

Годинава Пиволенд ќе понуди околу 50 видови пиво, а граѓаните ќе имаат можност да дегустираат дел од нив во наредните пет денови.

Како и секоја година, така и оваа влезот на Пиволенд е бесплатен, а за сите љубители на забавата, повторно ќе бидат организирани катчиња каде што ќе се играат познатите пивски игри.

Oрганизацијата на Пиволенд реши да направи уште еден стејџ, таканаречен  „Фреш“ на кој сите посетители на Пиволенд ќе можат да ги слушнат и видат сите нови македонски музички имиња чиешто време доаѓа. Победниците на конкурсот за млади и неафирмирани македонски бендови и артисти кои ќе добијат можност да настапат на фестивалот ќе бидат:

• Problemsolved

• Smokeshakers

• Tyte (dromrecords)

• Spank

• MarlonBrandoBаnd

• TheAutor

 

ПИВОЛЕНД 2014:

Среда 20.08.2014 година

– Астероид Б 612

– Хроматик Поинт

– Бени и Нон Стоп

– Леб и Сол

– Д Џон

Четврток 21.08.2014 година

– Фреш (Победници на конкурсот за млади бендови)

– К.У.Р (Културно Уметнички Работници)

– СИЗ

– СМАТ

– Тијана Дапчевиќ

– МВП

– Мизар

Петок 22.08.2014 година

– Фреш (Победници на конкурсот за млади бендови)

– Пука Банд Брука

– Тумбао Салса Бенд

– Тајзи

– Тамара

– Дј Славе

– Галактик Експлорерс ( Дј Кокс)

Сабота 23.08.2014 година

– Фреш (Победници на конкурсот за млади бендови)

– Димитар Андоновски

– Трибјут 2 Пинк Флојд

– Дани Димитровска

– Јосип А Лисац

– Жаре Бербер

Недела 24.08.2014 година

– Бански Старчета

– Селимова-Желчевски

– Влатко Лозановски- Лозано

– Бета Хаус

– Тони Михајловски и Скандал Састаф