Утре почнува акцијата за собирање кабаст отпад во Аеродром

Општина Аеродром во соработка со Град Скопје, поточно со јавното претпријатие „Комунална хигиена“, од утре, 26.2.2016 година ќе почне акција за собирање кабаст отпад.

Акцијата на 26 февруари ќе се одвива во Ново Лисиче, Реонски центар „Аеродром“, населбата Лисиче и Горно Лисиче, кога граѓаните кои имаат кабаст отпад, во временски интервал од 07:00 до 11:00 часот, ќе можат да го одложат пред своите домови, доколку живеат во куќа, или пак, пред зграда, ако живеат во колективни станбени домаќинства. При тоа, треба да се внимава отпадот да не го попречува движењето на пешаците и возилата, но и местото да биде пристапно за возилата на ЈП „Комунална хигиена“ за тие да можат непречено да го соберат отпадот.

Акцијата на 27 февруари, пак, ќе се одвива во населбите Мичурин, Стар Аеродром, Острово и Јане Сандански.

Под кабаст отпад се подразбира делови од мебел, бела техника, електронски апарати, но не и градежен шут.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.