понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 17

Утре почнува августовскиот испитен рок за државна матура

drzaven-ispiten-centar

Последни вести

Матурантите кои во јунската сесија не ја положиле државната матура или не во целост ќе полагаат од утре до 18 август. Како што соопшти Државниот испитен центар, во августовскиот испитен рок се пријавиле 1.802 ученици.

Во вторник, 16 август, ќе се полага предметот математика за кој се пријавени 88 кандидати, а на 17 август ќе се полага странски јазик. Англиски јазик ќе полагаат 1.294 кандидати, француски јазик и германски јазик по четворица кандидати и еден кандидат за руски јазик.

На 18 август е закажано полагањето по предметите: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика.

ДИЦ соопшти дека бизнис ќе полагаат 199 кандидати, историја 218, биологија 82, филозофија 143, хемија 4, физика 7 и естетика 14.

Испитите по сите предмети ќе почнуваат во 10 часот и ќе се реализираат на 11 локации во Република Македонија. Испитниот материјал истиот ден кога се реализира испитот ќе биде однесен во училиштата и ќе биде вратен во ДИЦ.

Најчитани вести