Македонија

Утре почнува зимата

Утре почнува зимата

На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. Сонцето во Скопје ќе изгрее во 6 часот и 58 минути,  а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денот ќе трае 9 часа и 7 минути.

Метеоролозите за првиот зимски ден најавуваат сончево и студено време со слаб ветер. Минималната температура ќе се движи од -11 до -5 , а максималната од 3 до 9 степени.