Утре понесете чадор: Дожд, грмежи и заладување

Утре понесете чадор кога ќе излегувате од дома. Под влијание на циклонска активност и влажен бран од Медитеранот, утре и во сабота времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи и појава на грмежи.

На повеќе места врнежите ќе бидат обилни, во петок во западните и северните делови, а во сабота во јужните делови. Се очекува да наврнат над 30 л/м2, а локално и 50 л/м2.

Во сабота дневната температура ќе биде значително под просекот за овој период од годината.

Од недела се очекува стабилизирање со пораст на дневната температура, а услови за локален дожд ќе има и во вторник.