Утре попладне пороен дожд

Денеска времето ќе се задржи умерено до значително облачно, во северните делови со подолги сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголеми и во јужните делови од земјата ќе има повремени врнежи од дожд. Повремени врнежи од дожд ќе има и преку ноќта, особено во источните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе се движи од 18 до 25 степени.

Утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, попладне на места и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Потоа времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.