Македонија

Утре последен неработен ден годинава – еве кои денови се неработни следната година

Утре последен неработен ден годинава – еве кои денови се неработни следната година

Празникот „Св.Климент Охридски“ – 8 Декември (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството на граѓаните на Република Македонија им го честитаат празникот.

Ова е последниот неработен ден за годинава.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2015
година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

• 01 јануари (четврток), Нова Година
• 07 јануари (среда), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
• 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
• 01 мај (петок), Ден на трудот
• 24 мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај
(понеделник) е неработен ден
• 17 јули (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
• 02 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден
• 08 септември (вторник), Ден на независноста
• 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е
неработен ден
• 23 октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба
• 08 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 06 јануари (вторник), Бадник, ден пред Божик
• 19 јануари (понеделник), Богојавление (Водици)
• 10 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
• 29 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден
• 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 06 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
• 01 ноември (недела), Празникот на сите светци
• 25 декември (петок), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 24 септември (четврток), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (недела), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

• 27 јануари (вторник), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

• 08 април (среда), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (сабота), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 23 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик.