Утре прекин на сообраќајот на граничниот премин Дојран

За утре е најавен прекин на сообраќајот на граничниот премин Дојран, соопшти АМСМ.

Поради штрајк на грчките земјоделци денеска од 10 до 15 часот беше во прекин сообраќајот на граничниот премин „Меџитлија“, кој продолжува вечер од 18 до 23 часот.

Грчките земјоделци со трактори го попречуваат сообраќајот
Грчките земјоделци со трактори го попречуваат сообраќајот

Инаку, грчките земјоделци ги засилија протестите против плановите на тамошната влада за пензиските реформи, со зголемување на бројот на блокади на магистралните патишта и со стотици трактори на клучните крстосници и попречување на сообраќајот.

Од почетокот на месецов земјоделците од Грција почнаа со блокади на граничните премини кон Македонија и кон Бугарија, поради што сообраќајот на граничните премини „Меџитлија“ и „Богородица“ неколку пати досега беше во прекин.