Македонија

Утре прекин на сообраќајот на патот Охрид- Кичево кај Пресека

Поради изведување работи на пат, односно минирање на патниот правец А2 Охрид-Кичево помеѓу планински превој Пресека и село Врбјани, утре, во периодот од 11:00 до 13:00 часот ќе има прекин во сообраќајот во траење од 15 до 20 минути, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

На граничните премини има зголемена фреквенција на возила, но нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.