Утре преодно стабилизирање на времето, во петок и сабота дожд

Денес не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне најпрвин во југоисточните делови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 30 степени.

Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето.

Во петок под влијание на нов влажен бран, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. Ветровито ќе биде и во сабота претпладне кога се уште локално ќе има повремен дожд.