Утре претпладне без струја делови од Волково, Кисела Вода и Аеродром

Од „ЕВН Македонија“ известуваат дека во вторник, 18.07.2017 година, поради закажани технички зафати, следните корисниците ќе останат без електрична енергија и тоа:

Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците на дел од селото Волково во општина Ѓорче Петров.

Од 09:00 до 10:30 часот, корисниците од улицата „Благоја Гојан“ бр.37, 39, 41 и 43, во општина Кисела Вода.

Од 13:00 до 15:00 часот, корисниците од булевар „Јане Сандански“ од бр.15 до бр.21, во општина Аеродром.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.