Утре пристигнува телото на Дениса

И покрај тоа што првично беше најавено за денеска, телото за кое грчките истражни органи тврдат дека е на исчезнатата Дениса, утре ќе пристигне во земјава, пренесува Алфа.

Причина за доцнењето е соодветната бродската линија Родос – Солун, која денеска не се сообраќал на потребната релација. Транспортот на телото ќе го плати и организира осигурителната компанија, која по барање на родителите место во нејзиниот роден Прилеп ќе го однесе директно во Скопје, бидејќи родителите веќе неколку дена бараат повторна ДНК анализа.

Во разговор за Алфа, татко на Дениса низ солзи раскажува дека сакаат повторена анализа за да бидат целосно сигурни дека ќе ја погребаат својата ќерка. Не се сомневаме во ништо, меѓутоа за мир во душата бараме уште една ДНК анализа коа сами ќе ја платиме. Не можеме да се помириме дека немаме никаков документ, туку само усна информација дека нашата ќерка повеќе не е жива раскажува Киро Маркоски. Им било ветено дека ќе добијат посмртница, но велат тоа не е доволно и нема да ги смири.

Дениса исчезна на 23 Септември од бродот Серенисима каде што работеше, додека тој пловеше на отворено море.