Утре привремен сообраќаен режим на крстосницата булевар Трета македонска бригада и улицата Никола Карев

Во сабота во периодот од 10 до 15 часот ќе се изведуваат градежни работи за асфалтирање на крстосницата на булеварот Трета македонска бригада со улицата Никола Карев, поради што на оваа крстосница ќе биде воведен привремен сообраќаен режим и ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци, да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот и доколку се во можност, во своето движење да ја користат околната патна мрежа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.